Екс-студент
Интервју со Филип Петровски
Бројката и енергијата на студентите е рамна на промена во општеството во кој било момент!
Како беше да се биде студент во времето кога ти студираше? Во каков амбиент живееше студентаријата тогаш?
Па скоро исто, слично како и сега, бидејќи нема некоја промена во студентските домови ниту некоја промена во студентскиот стандард. Можам да кажам дека отприлика и тогаш и сега се живееше скромнокако студент. Јас лично не живеев во студентски дом, бидејќи ја имав таа среќна околност со цимери да живеам во изнајмен стан.
Од своја временска дистанца, што мислиш дека донесоа новите, а што однесоа старите генерации? Дали во тој период можат да се забележат некакви интересни феномени во однос на развој на студентската свест и мисла?
Најголем феномен од крајот на деведесеттите години, па и до ден денес, остануваат – студентските протести од 1997 година. Тогаш, ние како генерација, успеавме да направиме рели, да собереме 20.000 луѓе и да му покажеме на целото општество дека студентите како група можат да извршат многу силен политички притисок и да ги направат нивните барања легитимни,односно да се постават во насока на групација која може да го менува општеството. За жал од тогаш до денес, таков феномен нема, студентите повеќе не се група која што може на таков или некаков начин да ги менува работите.
Каква улога играат студентите во едно општество? Дали студентите треба да се најпрогресивната сила во едно општество и дали е тоа пример за нашето?
Студентите се најважни за едно општество и сметамдека тие се прогресивна сила. Нивната бројка и енергијата што ја покажуваат е рамна на промена во општеството во кој било момент. Нажалост, во нашиот случај тие се атомизирани и се држени под контрола што не е случајно. Сметам дека во студентите лежи една голема, прогресивна можност и капацитет кои треба подобро да бидат искористени, во смисла да знаат многу почесто и поотворено да ги искажуваат своите мислења за општествените и социјални проблеми.
Дали сметаш дека студентите, настрана од инструираниот подмладок на политичките партии,покажуваат интерес за општествените процеси и желба за учество во донесувањето на одлуки кои во крајна линија влијаат и на нив?
Не се заинтересирани доволно.Лично сметам дека е направено сè за младите да се чувствуваат дека се безвредни, за на студентите да им се стави до знаење дека нема да можат ништо да променат во општеството и дека затоа е подобро да си молчат. Така што мислам дека оние што не се инструментализирани, практично се доведени во ситуација да мислат дека не се ни битни.
Од каде потекнува таквата незаинтересираност? Дали станува збор за закоравување на студентската маса или студентите се спречени во тој процес?
Спречени се со многу сериозна акција. Кога тие ќе погледнат наназад и ќе видат дека повеќе студентски генерации не направиле ништо, самите се демотивираат. Што значи дека сега е потребно тие да го превртат тој процес, и да се доведат во ситуација да кажат: „Не! Ние можеме нешто да направиме и сакаме да направиме здружени на каков било начин.“ Убеден сум дека во таква ситуација брзо ќе постигнат резултати.
Студентите насекаде во светот,своите ставови и мислења често ги искажуваат преку масовни протести.
Кај нас сме сведоци на многу неуспешни обиди за протести. Зошто ни се случуваат такви неуспеси?
Затоа што е препознаена силата на студентите и е направено сè за тие да останат поделени и да останат надвор од поголеми здружувања. Затоа што ако студентите од сите факултети се здружат и појасно го изразат својот политички став можат да направат многу сериозни политички и општествени промени. За да не го направат тоа,ставени се полтрони коишто ги контролираат студентските сојузи и коишто се апсолутно таму во улога на умртвувачи на силата на студентите и тоа многу успешно го прават.
Студентскиот стандард е тема на која никој или малкумина дискутираат. Реалноста вели: руинирани студентски домови, сериозни пропусти во финансиската помош за студентите, учебници кои чинат повеќе од 2000 денари.
Дали сметаш дека оваа земја, низ годините и сега, навистина инвестира и се грижиза студентите?
Не, не сметам дека се грижи. Сметам дека радикално треба да се промени тој однос кон студентите.Дури и сумата од две-три илјади денари финансиска помош е за потсмев. Вие со толку пари едвај можете да купите леб во наредниот месец, а не да си обезбедите некакво покомотно ослободување, во смисла да можете да учите и да не се грижите за финансиските проблеми. Под итно мора да се зголеми сумата која се доделува како помош и бројката на луѓе на кои се доделува. Ако на државата навистина и е важно да едуцира квалитетен кадар, за кој се знае дека поради социјалните услови во општеството не е во можност преку своите семејства да ги обезбеди тие финансии, таа мора да го промени тоа. И не само декларативно да каже „Ќе доделиме толку пари“, па истите да доцнат по една година.
На кој начин треба да дејствуваме како студенти и како членови на општеството со цел да се подигне свеста на студентите?
Секој еден студент треба да сфати дека силата лежи во него.Треба да ги побара тие околу него и да ги покани на акција. Кога ќе се здружат во мали јадра, треба да ги побараат другите јадра и повторно, да ги мотивираат на акција. Кога ќе дојдат во ситуација да знаат што сакаат, треба да го изразат тоа јасно и гласно, и тогаш ќе настане промена! Студентите немаат право да се плашат и веднат глава, немаат право да се повлекуваат, немаат право да кажат: „Нека го сработи ова некој друг за мене“. Тие самите мора да ја најдат силата во себе за акција и промена.
Дали сметаш дека во услови на поделеност во општеството на скоро сите основи (партиска, религиска, национална…) младите и студентите воедно, имаат капацитет да бидат носители на интеграционите процеси во рамките на општеството?
Младите можат тоа да го направат со голема леснотија. Старите генерации веќе се изморени и потрошени. Младите можат да донесат една сосема нова свежина и идеја дека ниту партиското, ниту религиозното, ниту етничкото треба да бидат знак за поделба, туку знак за здружување.
Си студирал на високата школа за Влада на САД на универзитетот Харвард.Какво е чувството да се студира на светски познат универзитет? Никако не можеме да го споредуваме со нашите универзитети, барем не од аспект на условите и инфраструктурата, но дали по некоја случајност има некои сличности во однос на предавањата и односот помеѓу студентите и професорите или, сепак, сè е дијаметрално различно?
Да, имам завршено одредени степени таму. Тоа беше еден елитен курс кој на маса ми стави имиња, исклучително познати во научниот свет, во целиот свет. Луѓе кои што во тоа време беа дел од кабинетот и советничкиот тим на Бил Клинтон и со своите идеи вршеа влијание на политиките на САД и меѓународната заедница. Во однос на студирањето, она што тогаш го видов таму беше сосема различно од она што го знаев од тука. Сега не знам како се поминати реформите овде и што тоа значи за односот студент – професор, меѓутоа, однесувањето на професорите кон студентите во тоа време беше сосема поинакво. Имено, професорите често знаеја да ги сметаат студентите како бројка, а не како поединци на кои треба да им обрнат внимание и да се погрижат да им дадат што подобро знаење.
За крај… Дали имаш омилен професор од студентските денови?
Да, целата моја катедра! Една елитна катедра во смисла на интелектуален капацитет и потенцијал! Тука се Старделов, Виолета Панзова, Вера Ѓоргиевска, Цуцуловски, Темков, Ферид Мухиќ и др. Среќен сум што сум ја имал среќната околност да ми предава елитата на Филозофски факултет, луѓе што во интелектуалниот македонски свет многу значат и луѓе од кои што сум добил многу знаење и затоа сум им благодарен.

Нема коментари:
Објави коментар