Младина на Демократска Десница (МДД) повикува на поддршка!
МЛАДИНА НА ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА повикува на подршка од младите во Република Македонија. Сметаме дека младите во Република Македонија се на некој начин злоупотребени од страна на политичките партии во Република Македонија, и повикуваме таа политика да престане.
Младите интелектуалци во Република Македонија кои не беа политичко-партиски определени а сепак претставуваа столб на интелектуалната идна фела беа дискриминирани поради тоа што не беа обоени во партиска боја. Повикуваме таа политика да престане и да се фокусираме целосно на реализирање на младинската политика која ветува ПРОСПЕРИТЕТ, ИДНИНА за младите!
Младите во Република Македонија во изминатите години беа поделени на два фронта, портокалов и син, со тоа се направи сериозна поделба и сериозен притисок врз младите да бидат дел од еден од тие фронтови, со самото тоа недозволувајќи да истите млади не ги искористат нивните демократски, интелектуални капацитети, кои ние веруваме дека ги поседуваат.
Повикуваме да престане политизирањето на младите во Република Македонија, повикуваме на подршка да ги исполниме приоритетите на младите, со што ќе се добие ИДНИНА и ПРОСПЕРИТЕТ на младите во Република Македонија.
Ние, МЛАДИНА НА ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА повикуваме на обединување на младите во Република Македонија!
Ние, МЛАДИНА НА ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА повикуваме на зрелост на младите во Република Македонија!
Ние, МЛАДИНА НА ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА повикуваме на ДЕМОКРАТИЈА!
Ве повикуваме сите да ни се придружите во нашата мисија!
СО ПОЧИТ,
МЛАДИНА НА ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА (МДД).
Нема коментари:
Објави коментар