сабота, 12 март 2011 г.

Канал 5 : Демократска десница- нова партија на македонската политичка сцена


Од денеска, македонската политичка сцена е побогата за уште еден политички, субјект. Демократската десница на чие чело стои Филип Петровски денеска го одржа своето основачко собрание.

Во говорот, Петровски истакна дека формирањето на партијата било проследено со притисоци и со закани.

-Меѓутоа мораме да кажеме дека формирањето на партијата беше проследено со притисоци и закани. Слободниот граѓанин на Македонија е ставен во состојба на немир, затоа што има политички став. Многумина ни кажаа, со вас сме, само се плашиме за работното место во државната администрација, се плашиме за сопствениот бизнис, ќе имаме инвазија од инспекции кои ќе не уништат. Многумина ни рекоа дека се плашат да стават потпис на нотар, затоа што незнаат кој се може да го гледа документот. Јас сега јавно прашувам – за ова ли се боревме кога го рушевме КОМУНИЗМОТ?!, рече Петровски.

Економија- Социјала- Екологија се трите столба на партиската програма на Демократската десница.

-За разлика од другите партии кој веќе две децении се вртат во кругот на незнаењето и делуваат ретроградно и анемично нашата програма има јасно дефинирани цели и методологии како и алатки за имплементација на истите во борбата против сиромаштијата и зачувувањето на биодиверзитетот, а и исполнувањето од наша страна на меѓународните договори дефинирани во милениумските цели на ООН, рече Петровски.

Десницата излезе и со сет на економски мерки, кои според нив долгорочно ќе ја засилат македонската економија./К.Д
 
Превземено од: www.kanal5.com.mk 

Нема коментари:

Објави коментар