недела, 13 март 2011 г.

Говор по повод основање на ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА





Говор на д-р Филип Петровски, по повод основањето на 
ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА 912.3.2011)


Почитувани присутни, делегати, гости од политичките партии,
гости од странските амбасади, почитувани граѓани.
Денеска ја основаме партијата ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА,
која е израз на потребата на дадениот политички момент, која 
е израз на потребата на македонскиот граѓанин да се направат 
промени, кои можат да доведат до подобар квалитет на животот.
Политичкиот систем е блоковски поделен, узурпиран и отуѓен од
граѓанинот. Граѓанинот е на маргините. Колективитетите 
доминираат, ставајки го поединецот во неможност да делува и да 
ја менува живеачката. Ние велиме доста е!
Време е за нешто ново, силно, чесно!
Време е за ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА.




Време е за партија која ќе му се обрати на граѓанинот. Која ќе понуди 
конкретни и брзи решенија. Која нема да се занимава со плукање по другите
и која нема да бара изговори насекаде, само не во сопствениот двор. Ние, 
за разлика од другите знаеме како треба да се решаваат проблемите
и за разлика од другите сакаме да ги решаваме проблемите. 
Меѓутоа мораме да кажеме дека 
формирањето на партијата беше проследено со притисоци и закани. 
Слободниот граѓанин на Македонија е ставен во состојба на немир, 
затоа што има политички став. Многумина ни кажаа, со вас сме, 
само се плашиме за работното место во државната администрација, 
се плашиме за сопствениот бизнис, ќе имаме инвазија од инспекции
кои ќе не уништат. Многумина ни рекоа дека се плашат да стават
потпис на нотар, затоа што незнаат кој се може да го гледа документот.


Јас сега јавно прашувам – за ова ли 
се боревме кога го рушевме КОМУНИЗМОТ?!
Ние, ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА велиме дека е време да 
престане притисокот, затоа што немаме намера да се
повлечеме.ВРЕМЕ Е ЗА ГРАЃАНИНОТ НА МАКЕДОНИЈА да
го заземе почесното место, пиедесталот и да се чувствува слободен.
Почитувани,
Време е за партија која нема да ги дели луѓето по ниедна 
основа, туку ќе ги зближува. Време е за партија која не ја 
интересира верската
припадност, расната, половата и секаква друга, туку ја фокусот
е квалитетот на поедницот и неговата желба да помогне да се 
дојде до просперитет и развој.
Денеска меѓу нас има граѓани од различна вероисповед, 
национална припадност. Тоа не не прави полоши, напротив 
не прави подобри и посилни.
Македонија има кадар, потенцијал кој е неискоритен. Нашите 
млади луѓе размислуваат како да емигрираат и тоа што подалеку.
За да не се вратат.
Гледајки ја негативната селекција која ја уништува нивната можност 
да ги покажат своите знаења и да се изборат за место во општеството.
ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА ќе го прекине негативниот тренд на 
вработувавање во државната администрација на партиски послушници,
а ќе им даде предност на младите и образувани кадри.
Ние, ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА ќе понудиме партиципативна 
демократија, односно учество на граѓаните во процесот на одлучување, 
а не како досега,
одлуките се носат на нетранспарентен начин, граѓаните се
ставаат пред свршен чин.  Ние, ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА
ке понудиме концепт на добро владеење, концепт
кој се состои од транспарентност, отчетност и законитост, 
нешто што денеска на владеачката гарнитура и е сосема далечно и небитно.
Исклученоста на граѓаните доведе до појава на апатија, 
страв и што е најстрашно молк.Време е да се крене гласот, 
време е за слобода и демократија.
Време е за декократска десница.
Како  ПРЕТСЕДАТЕЛ на новоформираната Партија 
 ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА, сакам  во кратки црти
да  ве информирам  за  програмата  и програмските цели на
партијата  за подолг период. Во суштина  таа е основна водителка
 во стратешките проекции  за самоодржлив повеќегодишен развој
на нашата држава  во сите
сектори,  Економија - Социјала – Екологија, како основни
столбови новиот пристап кон економијата.
Притоа ќе ги користиме сите најнови светски достигнувања во 
областа на дефинирањето на системите за подршка на
самодржлив брз развој  на земјите во
транзиција,  а тоа се принципите на  Новата економија, 
базирана врз знаење, Дигиталната економија или Инпут-Аутпут Економија. 
Сето тоа ќе се  примени  и кај
нас  во пракса. Треба да се нагласи дека тој систем со
такви параметри и методологии веќе успешно функционира 
кај високо  развиените  држави. Нашите
партиски стратешки документи ќе содржат  анализа на 
тековната состојба, Визија, Мисија,  како и оперативни
планови за брз развој  на РМ, со специјален осврт на
енергетиката и обновливите извори на енергија. Притоа 
ќе се вклопиме во светскиот тренд на Зелената економија 
која ќе генерира  илјадници нови
вработувања, кои со мали фискални стимулации можат да
иницираат нов  развоен циклус  на Македонија во сите сфери.
За разлика од другите Партии кој веќе две децении се вртат во
кругот на незнаењето и делуваат ретроградно и анемично 
нашата програма има јасно
дефинирани цели и методологии како и алатки за имлементација 
на истите во борбата против сиромаштијата и зачувувањето на
биодиверзитетот, а и
исполнувањето од наша страна  на меѓународните договори 
дефинирани во милениумските цели на ООН.
Во принцип сакам во моето излагање да направам критички
осврт на постоечката ситуација, а потоа да предложам конкретни 
мерки како таа депресивна
слика брзо да се надмине.Основната карактеристика на нашата
партија ќе биде голема партиципација на граѓаните како и интезивна
партнерска соработка со невладиниот
сектор и независните асоцијации. Отворениот систем  
за синергија 
 со сите прогресивни сили во граѓанското општество ќе 
биде наша карактеристика.
Иако сме релативно мала држава треба да учествуваме
повеќе во активностите на Европската Унија. Јасно и 
децидно да ги истакнеме нашите позиции
кон сите актуелни прашања. Најважно е да се врати довербата 
на лугето кои што знаат јасно да ги издвојуваат шпекулациите
и неодговорните ризици. Нашата
татковина е веќе подолго време во реална криза, воглавном
поради лошите политики водени од владите во последните години.
Во согласност со податоците на релевантните институции 
на државата  како водечки проблеми се следните 
макроекономски индикатори:
-Застој и намалување во одредени сектори на извозот
-Отсуство на директни странски инвестиции,
-Енормно зголемување на невработеноста,
-Константно зголемување на надворешниот долг,
-Намален обем на индустриското производство,
-Отсуство на кредитирање на малото стопанство по обем,
-Мошне ниско ниво на продуктивноста,
-Неприменување на познати алатки за самоодржлив развој,
-Непочитување на еколошките норми и обврски.
Ова се само неколку од многуте фактори што не принудуваат
да предложиме приоритети мерки со краткорочна
политика за надминување на лошата
состојба. Прилагодливите и брзи мерки што ние ги
нудиме, кои ќе ги засилат стратешките цели за развој на 
економијата на долг рок, а воедно ќе се фокусираат
во следните основни правци се:
1. Сосема иновативни решенија на пристапот до
финансиски извори
2. Партиципација на граѓаните, бизнис секторот, НВО,
синдикатите, пензионерите, во креирањето на политиката 
на нашата партија преку работилници, форуми и
дебати, најмалку еднаш во месецот
3. Внесување на забрана за трошење на пари од буџетот 
за рекламирање на Владата и државните органи. Забрана за
авансно трошење на резервите, стопирање на
проектите за кои нема обезбедени сретства од тековните приходи.
4. Поактивно користење на Европските наменски фондови и
проекти кои се сигурни ресурси за фискални стимулации. 
Притоа треба да се води сметка да се почитуваат
постапките и процедурите за да нема злоупотреби на
довербата од ЕУ. Заводот за ревизија мора да биде многу
поактивен во контролите на работата со фондовите. Да
се ажурираат апликациите кон сите фондови кои не 
се доволно искористени.
5. Поради поволните географски и климатски услови
РМ има прекрасна можност да се ориентира кон извоз 
на земјоделски производи со поголем асортиман  како и
подобар квалитет.
6. Специјален рурален самоодржлив развој по
европската програма ЛИДЕР плус, како и брз развој
на РУРАЛНАТА ИНДУСТРИЈА со примена на најновите
научни сознанија од
областа на автоматска самоодржлива фарма и обновливи 
извори на енергија
7. За да се засилат сите овие активности потребно е
да се зголеми партиципацијата  на граѓаните во  Власта
 на локално ниво, а тоа ќе го
реализираме со формирање  мрежа на Локални Акциони
Групи (ЛАГови)  како поткрепа на демократските процеси како промотор на брзиот самоодржлив развој  на РМ.
8. Даночни олеснувања- наше мото ќе биде да го
оставиме капиталот кај лугето и бизнисот – тие се нивни! -
да им го олесниме патот до нив  преку формирање на
Јавни приватни партнерства (ЈПП) бидејќи граѓаните се
покажаа поголеми домаќини од државата.
9. ЈПП во секторот на образованието, инфраструктурата, 
енергетиката полицијата, здравството, затворите, 
водоснабдувањето и др.  јавни услуги.
Намалување на сите осигурувања за 10% со цел повеќе 
средства да останат кај стопанството.
10. Забрзано враќање на ДДВ.
11. ДДВ да се плаќа  на секој  6 месеца  како
би можел капиталот повеќе да се користи.
Ефектот на мерките ќе се почувствува  веднаш кон 
позитивно, преку сигурни нови  вработувања.
12. Констатна борба против корупцијата со
примена на нови методи и индикаторни механизми.
Поттикнување на домашни и странски инвестиции  
со новата програма
првпат ќе биде  воведена со нашето појавување.
А тоа е парнерство со Новата
Влада на РМ  наречено ПАРТНЕРСТВО СО МАКЕДОНИЈА.
За жал изгубивме  20 години поради незнаењето  на нашите неуки
политичари или вождови на неформални интересни групи, заинтересирани за
нетранспарентна приватизација, не оставија во мрак и неинформираност поради
техничка неписменост, сега сме на дното по развојни параметри и животен
стандард, невработеност и др.


Почитувани,
Ве повикувам да бидете горди што во едно вакво невреме стоите на
 браникот на демократијата. 
Вие сте носители на ПРОМЕНИТЕ во МАКЕДОНИЈА. 
Вие сте
новата политичка генерација која, тврдам, ќе ги помести 
работите нанапред, и ќе ја приближи Македонија со западните цивилизации.
Да живее ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА,
Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
 

Нема коментари:

Објави коментар