Партијата Демократска Десница испрати соопштение во врска со спорот за името.

Во врска со признанието на владеачката гарнитура дека на самитот на НАТО во Букурешт е прифатена промена на уставното име на републиката во Република Македонија (Скопје), Демократска Десница потсетува дека власта по тој повод го подели населението на патриоти и предавници, се наведува со соопштението.
Настаните во Букурешт потоа беа злоупотребени за Македонија да се оддалечи од НАТО и ЕУ интеграциите, со што се загубија 3 драгоцени години, за сега да се признае дека сето тоа било смислена манипулација со јавното мислење.
Демократска Десница е против било каква промена на уставното име и ја повикуваме власта да ги разоткрие сите детали за тоа што е преговарано и какви други отстапки се направени. Граѓаните имаат право да знаат што се прави во нивно име, се истакнува во соопштението.
Нема коментари:
Објави коментар