Денеска, 16.2.2011 го промовираме иницијативниот одбор за формирање на партијата ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА. Тоа произлегува од потребата во политичкиот простор да се појави нова партија која изворно ќе ги застапува интересите на граѓаните. Имено, веќе 20 години нашата држава е заложник на тесни политички групи на моќ, остро поларизирани, кои не мислат на животот и потребите на граѓаните, туку истите ги користат во своите пресметки и на нив гледаат само како на обична бројка.

Македонија може да тргне напред само со нов политички субјект кој ќе застане на сосема спротивни позиции. Субјект кој ќе се залага за доследна примена на корпусот на човекови права, незлоупотребување на институциите на системот, независно и ефикасно судство, што ќе доведе до функционирање правна држава и владеење на правото.
ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА ќе се залага за граѓански концепт според кој сите луѓе, без разлика на националност, вера, раса и пол ќе бидат еднакви. Со пронаоѓање на модел за социјална инклузија, преку кој ќе се зајакне нацијата во вистинска смисла на зборот.
Основната карактеристика на нашата партија ќе биде голема партиципација на граѓаните, како и интезивна партнерска соработка со невладиниот сектор, независните асоцијации, цивилниот сектор, како и приватниот сектор, како носител на нови инвестиции за развој. Отворениот систем за синергија со сите прогресивни сили во граѓанското општество е наша определба.
ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА ќе се залага за искоренување на злоупотреба на државната администрација во приватно партиски цели. Ние сметаме дека вистинските луѓе, соодветно образувани, треба да имаат предност пред неквалитетните партиски членови.
Програмата и програмските цели на партијата за подолг период во суштина е основна водителка во стратешките проекции за самоодржлив повеќегодишен развој на нашата држава во сите сектори, Економија - Социјала – Екологија. Притоа ќе ги користиме сите најнови светски достигнувања во областа на дефинирањето на системите за подршка на самодржлив брз развој на земјите во транзиција, а тоа се принципите на Новата економија, Економија базирана врз знаење, Дигиталната економија или Инпут - Аутпут Економија, како и изградба на ново таканаречено математичко општество (емпириски економетриски и математички методологии, кои овозможуваат сите процеси да се симулираат преку алгоритми во компјутерки мрежи со голема прецизност и брзина, со можност за предвидување на долг и краток период).
Сето тоа ќе се примени и кај нас во пракса. Треба да се нагласи дека тој систем со такви параметри и методологии веќе успешно функционира кај високо развиените држави на ЕУ и пошироко. Нашите стратешките документи содржат анализа на тековната состојба, Визија, Мисија, оперативни планови и акциони планови за брз развој на РМ, со специјален осврт на енергетиката и обновливите извори на енергија, поткрепено од енергетско ефикасни анализи за намалување на емисиите на цо2 во атмосферата. Притоа ќе се вклопиме во светскиот тренд на Зелената економија која ќе генерира илјадници нови вработувања, кои со мали фискални стимулации ќе иницираат нов развоен циклус во сите сфери.
Почитувани, нашата иницијатива за формирање на ДД е отворена.
Ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ни се приклучат, за да можат активно да допринесат за промени во општеството.
Превземено од: http://filippetrovski.com
Нема коментари:
Објави коментар