Петровски: Љубе Бошкоски е шарлатан Бошкоски вчера го обвини Филип Петровски дека неговата партија Демократска Десница е финансирана од поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски. -Партијата на Филип Петровски Демократска Десница е уствари на Драган Даравелски. Даравелски за да ја финансира партијата го уцени, неговите иницијали да бидат на иницијалите на партијата ДД- Демократска десница, изјави Бошкоски. Филип Петровски денес ги демантираше обвинувањата на Бошковски. -Јас со Драган Даравелски немам контакт веќе 10 години, а Бошкоски ги дава овие изјави поради тоа што е шарлатан, изјави Петровски. Петровски додаде дека Демократска Десница е финансирана исклучиво од легитимни домашни извори и нагласи дека партијата на Бошкоски, Обединети за Македонија, имала сомнителни странски финансиски извори кои биле поврзани со Косово. Филип Петровски истакна дека во моментов се подготвува програмата за новата партија |
среда, 23 февруари 2011 г.
Љубе Бошкоски е шарлатан
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар