четврток, 17 февруари 2011 г.

Сериозен бојкот!

Денеска на нашата промоција, имавме сериозен бојкот од страна на владините телевизии. Како на пример Сител и Канал 5. Сител не ни дојде, а Канал 5 беа присутни, снимаа и ништо не пренесоа во вестите. Тоа ми остава сомнеж дека имаат налог да ја бојкотираат нашата иницијатива и дека од истата се плашат. Но, истовремено, морам да потенцирам дека граѓанството намерно го оставија неинформирано... Надевајки се дека информацијата нема да дојде до сите... Се лажат.  Ние сме на терен, помеѓу луѓето и лично, иницијативно ги информираме сите зошто е потребно да имаме нова партија. Нема да не спречите со медиумската блокада. Напротив, дополително ќе не мотивирате.

Поздрав,
Демократска Десница.

Нема коментари:

Објави коментар