Демократска Десница ги повикува своите членови и симпатизери, како и членовите на навивачките групи и сите граѓани во Република Македонија, да не учествуваат на собирот на Кале закажан во Сабота, со кој моќе да се предизвикааат сериозни последици по животите на учесниците, ескалирање на меѓуетнички тензии и дестабилизација на државата.
Апелираме Власта со легални и легитимни средства да го спречи оддржувањето на собирот, со оглед дека се работи за највисок степен на опасност, кој може да предизвика сериозни последици по физичкиот интегритет на учениците и пошироко во општеството.
Исто така, повикуваме веднаш да престане разгорувањето на националната и верска омраза и нетрпеливост пред се од страна на Партиите владејачките партии, но и на сите други партии, организации и групи на граѓани, кои со вербални и други активности го предизвикаа негова ескалација во изминатите денови.
Нема коментари:
Објави коментар